СДС повторно одигра во корист на Бугарија и директно ги омаловажи македонските државни интереси преку Венко Филипче и Зоран Заев, а единствени кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев и поранешното раководство на СДСМ, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
Според изнесените информации од страна на Манасиевски, извештајот за дијагнозата на Михаилова го изготвил д-р Иван Барбов, кој во 2017 година беше поставен за директор на Клиниката за неврологија токму од Заев и Филипче. Во спорниот медицински извештај, д-р Барбов напишал дека загрижувачкиот метод на лекување на пациентката го нема во Македонија, туку дека мора итно да се спроведе во Бугарија, со што практично и овозможил заминување во соседната земја.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека истиот лекар во јавноста е познат како осуден во мега-скандалот „Метастаза“, каде беше меѓу обвинетите за посредување и илегално издавање на инвалидски пензии. Според судските документи и медиумските написи, групата земала од 1.500 до 4.000 евра по лице, со што нелегално заработила 165.000 евра и го оштетила Фондот за здравство за над 53.000 евра, за што Барбов има и правосилна пресуда.
– „Дали Филипче и Заев ургирале кај нивниот криминален другар д-р Барбов да направи ваква дијагноза за Михаилова затоа што се директно уценети од Румен Радев? Зошто си играат со довербата на граѓаните?“, праша Манасиевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат итна реакција и отворање истрага од страна на надлежните обвинителски органи по допрен глас, изразувајќи сериозен сомнеж дека зад целата медицинско-дипломатска операција стои координирана спрега меѓу поранешните функционери и софиските власти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата