logo
logo
logo

НЕ КОРИСТИТЕ КОНДОМИ? Во јули 11 нови случаи на ХИВ/СИДА - 9 МАЖИ, ДВЕ ЖЕНИ

Vecer | 18.08.2026

НЕ КОРИСТИТЕ КОНДОМИ? Во јули 11 нови случаи на ХИВ/СИДА - 9 МАЖИ, ДВЕ ЖЕНИ

Во јули во земјава се регистрирани 11 нови случаи на ХИВ/СИДА, од кои девет се мажи и две се жени. Станува збор за лица на возраст од 20 до 49 години, покажуваат податоците од најновиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања.

Според податоците, од 1987 до 2026 година во Северна Македонија се евидентирани вкупно 765 лица со ХИВ/СИДА.

Од нив, 141 лице починало, 508 лица живеат со ХИВ/СИДА, додека 116 лица се водат како изгубени за следење.

Во истиот период се регистрирани и случаи на други сексуално и крвно-преносливи инфекции. Во јули биле пријавени седум случаи на сифилис и четири случаи на вирусен хепатитис Б.

Дополнително, евидентиран е по еден случај на гонореја, инфекција со хламидија и вирусен хепатитис Ц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk