СДСМ и ДУИ ЈА ОСТАВИЛЕ ЖЕЛЕЗНИЦАТА НА РАБОТ НА ПРОПАСТ? Се бара реакција од ОЈО

Vecer | 05.11.2026

СДСМ и ДУИ ЈА ОСТАВИЛЕ ЖЕЛЕЗНИЦАТА НА РАБОТ НА ПРОПАСТ? Се бара реакција од ОЈО

Mинистерството за транспорт бара јавното обвинителство да реагира по наводите изнесени во ревизорските извештаи за Македонски железници инфраструктура и за Македонски железници транспорт кои се однесуваат за работењето на државната компанија во 2024 година.

– Апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија каде се нотираат клучни проблеми и апелираме да постапат по овие извештаи – велат од министерството за транспорт.

Според него, Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени и до Јавното обвинителство.

Оттаму наведуваат дека ревизорските извештаи се изготвени на барање на актуелните раководства за проверка на периодот во кој со претпријатијата раководеле кадри на СДСМ и на ДУИ. Двете јавни претпријатија веќе ги примиле ревизорските извештаи во кои се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки.

– Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување – велат од Министерството за транспорт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk