МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈЕВТИНА СТРУЈА во Европа

Vecer | 05.11.2026

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈЕВТИНА СТРУЈА во Европа

Македонија со цена на електричната енергија од 11,6 евроценти е во земјите со најниска цена во Европа во првата половина на годинава. Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh.

Ова го покажуваат податоците на Евростат објавени во серијалот „Statistics Explained“ (Објаснети статистики) посветен на цените на електричната енергија. Во неа цените на електричната енергија за домаќинствата вклучуваат даноци, давачки, неданочни давачки, такси и данок на додадена вредност (ДДВ), бидејќи тоа генерално ја одразува вкупната цена што ја плаќаат домаќинствата. За потрошувачите од категоријата домаќинства во ЕУ  во се земени потрошувачи со средна големина, со годишна потрошувачка помеѓу 2.500 киловат-часа (kWh) и 5.000 kWh).

Во првата половина на 2026 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во ЕУ се намали за 2,2% на 0,28 евра, што е пад од 0,29 евра за kWh во втората половина на 2025 година. Но, цената остана значително над нивоата од пред енергетската криза во 2022 година.

Истовремено, даноците и давачките исто така благо се намалија, при што нивниот удел во конечната сметка опадна за 0,5 процентни поени – од 28,9% во втората половина на 2025 година на 28,4% во првата половина на 2026 година.

Ирска на врвот на листата на цените на струјата во ЕУ

Во првата половина на 2026 година, цените на електричната енергија за домаќинствата се зголемија во 13 земји на ЕУ, се намалија во 11, а останаа релативно стабилни во 3 земји, во споредба со првата половина на 2025 година.

Шест земји имаат цени на електричната енергија повисоки од 0,30 евра за kWh, додека пет земји забележаа цени под 0,20 евра за kWh.

Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh, по што следуваат Германија и Белгија (двете со 0,36 евра).

Најниски цени бележат Унгарија (0,11 евра), како и  Малта и  Бугарија (по 0,13 евра).

За домаќинствата во Ирска, трошокот по kWh бил за 37% повисок од просечната цена во ЕУ, додека домаќинствата во Унгарија, Малта и Бугарија плаќале помалку од половина од просечната цена во ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk