Почнуваат уписите на државните универзитети на нови студенти во академската 2026/2027 година. Утре е прв ден за пријавување кандидати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола (УКЛО).
На УКИМ на вкупно 23 факултети предвидени се 8.851 место од кои 4.395 за редовни студенти, 3.621 со кофинансирање и 835 вонредни студенти. Уписите во првиот рок се предвидени и на 19 август.
На УКЛО за додипломските студии има места за 2.115 нови студенти. Од нив 1.074 се во државна квота, останатите 612 и 429 се наменети за кофинансирање и вонредни студии. Уписите во првиот рок се предвидени и на 19, 20 и 21 август.
На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (УГД) уписите за првиот циклус почнуваат в среда 19 август, а ќе се одвиваат и во наредните два дена. Според конкурсот, годинава се предвидени вкупно 3.341 слободно место, од кои 1.629 се во државна квота, 972 за студенти со кофинансирање и 735 за вонредни студенти.
Уписите на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) ќе се одржат од 24 до 28 август. На универзитетот се предвидени места за вкупно 3.164 бруцоши од кои 1.697 редовни студенти, 987 редови со кофинансирање и 480 вонредни.
На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје уписите се од 24 до 26 август. Квотата на универзитетот изнесува вкупно 1.360 студенти од кои 945 редовни, 235 со кофинансирање и 180 вонредни.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата