Естонец силувал 14-годишно момче во Кисела Вода, сооопшти полицијата.
МВР денеска сооопшти дека Одделението за крвни и сексуални деликти од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Т.(56) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Силување дете кое не наполнило 15 години.
„Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник. Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со делото“, соопшти полицијата.
Судија на претходна постапка на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата