Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО

Vecer | 20.09.2026

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Движењето ЗНАМ вчера ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од партијата во изминатите две години.

Претседателот Максим Димитриевски порача дека отчетот не е само пресек на изминатиот период, туку обврска резултатите од извршувањето на јавните функции да бидат достапни, проверливи и отворени за критика.

– Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта. Напротив, верувавме дека јавната функција, ако ја сфатиш сериозно, е една од најтешките форми на лична и морална одговорност – истакна Димитриевски.

Тој нагласи дека со преземањето на одговорноста во Владата престанал периодот во кој било доволно да се укажува на проблемите и дека секое ветување дадено пред граѓаните мора да биде претворено во конкретен резултат.

– Не велам дека сме завршиле. Овој отчет не го споделуваме како точка на крајот, туку како пресек на еден период по кој мора да следи уште поголема одговорност – порача претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи дека отчетот не треба да остане затворен во партиските архиви.

– Нека го читаат. Нека го критикуваат. Нека ги споредуваат резултатите. Нека ни кажат и каде можевме подобро – порача тој.

Говорејќи за политичката визија на Движењето, Димитриевски истакна дека ЗНАМ се залага за европска и за реформирана Македонија, но и за држава која го зачувува и афирмира сопствениот идентитет, јазик, култура и историја.

Димитриевски порача дека следниот период ќе биде период на продолжување и продлабочување на започнатите промени, со јасна определба Македонија да биде посилна, поуредена, помодерна и поспособна држава.

– Да ја чуваме Македонија, не само како спомен од минатото, туку како надеж за иднината. Да оставиме држава во која нашите деца ќе кажат: Овде сакам да живеам. Овде сакам да создавам. Ова е мојата Македонија – рече Димитриевски.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува посветено на политиката која својата смисла ја наоѓа во државниот интерес, со стремеж кон создавање на Македонија која ќе биде стабилна, самоуверена и достоинствена држава, соопшти партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk