ФИЛИПЧЕ ДА ГИ ДОСТАВИ ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО сите информации за скандалот тежок 37 милиони евра во ЈО

Vecer | 04.10.2026

ФИЛИПЧЕ ДА ГИ ДОСТАВИ ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО сите информации за скандалот тежок 37 милиони евра во ЈО
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Венко Филипче пред некој ден прозборе за криминал во редовите на СДС вреден 37 милиони евра и го снема. Филипче како личност која сака во Европската унија по секоја цена, сака европско обвинителство треба да им помогне на надлежните институции за почеток на јавното обвинителство и да им ги даде сите расположливи информации, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

Доколку  Венко Филипче не го стори тоа, и ова јавно изразување на сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра кој го поврзува со поранешната министерска Славјанка Петровска, а сега актуелна пратеничка и дел од платформата 12.05, ќе го разбереме како уште една лага во низата лаги кои ги кажува во јавноста.

И во оваа прилика го прашуваме Филипче од кога имал информации за овој скандал во Министерството за одбрана, а во кој е вклучена Петровска, зошто сега излегува со информации во јавноста и дали има намера да ги достави информациите до јавното обвинителство или и ова ќе остане на ниво на замајување на јавноста.

Филипче треба да излезе во јавност и да каже доколку знае и други вакви и слични случаи во редовите на СДС, бидејќи само така може да се оди кон ЕУ, а не со лажење и манипулирање на јавноста. Филипче е на потег да се вклучи и реално во борбата со корупција како клучен услов за членство во ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk