logo
logo
logo

ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ЌЕ СЕ ПРОГЛАСИ на следна владина седница

Vecer | 16.08.2022

ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ЌЕ СЕ ПРОГЛАСИ на следна владина седница

Владата на наредната седница ќе донесе одлуки за прогласување кризна состојба за електрична енергија и за топлинска енергија што ќе важи од 1 септември годинава, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Кризната состојба ќе важи со започнување на мерките од 1 септември, па до крајот на септември. Во меѓувреме ќе пратиме во Собрание барање за продолжување на кризната состојба до крајот на грејната сезона, бидејќи таква е регулативата во нашата држава, односно по 30 дена кризна состојба Собранието треба да донесе одлука за нејзино продолжување – рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција во Владата заедно со генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Во делот на топлинската енергија, како што кажа, веќе се формирани компаниите од страна на ЕСМ.

Денеска на седницата на Владата е донесена одлуката за започнување на постапка. На наредната седница на Владата ќе биде објавен јавниот повик на кој најверојатно ќе конкурира ЕСМ иако тоа можеше да го направи и Град Скопје, но најверојатно тие сега веќе немаат ни компанија за таа намена – прецизира Бектеши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk