ИМАМЕ ПОВИСОК РАСТ ОД ЕКОНОМИЈАТА НА ЕУ, а кај нашиот најголем партнер порастот е 1,4%

Vecer | 28.07.2026

ИМАМЕ ПОВИСОК РАСТ ОД ЕКОНОМИЈАТА НА ЕУ, а кај нашиот најголем партнер порастот е 1,4%
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски оцени денеска дека кредитот што Владата го зеде од Унгарија бил добар двигател на економијата која расте веќе неколку квартали со 3%, што е за 2% повеќе од растот во Европската Унија.

Тој рече дека кредитот бил искористен за да се врати еврообврзница од половина милијарда евра, додека пак 250 милиони биле инвестирани во општеството и 250 милиони во стопанството преку комерцијалните банки со повластена каматна стапка од 1,95%, што претставува добар поттик во економијата и резултира со пораст на бруто-домашниот производ на земјава.

– Од третиот квартал во 2024 до првиот квартал во 2026 година заклучокот е дека македонската економија расте со 3% во реални параметри, а кај нашиот најголем партнер во ЕУ порастот е 1,4% и во еврозоната 1,25%. Што значи дека во услови кога нашиот најголем трговски партнер економијата условно расте со два и пол пати помала стапка, ние благодарение на овие проактивни политики успеавме да обезбедиме значаен раст којшто нè доведе до оваа ситуација во којашто денеска сме, а во номинални услови нашата економија расте со над над 8%, што е нешто исто така многу значајно. ​И да бидам попрецизен, според Светска банка и според Меѓународен монетарен фонд, за две години оваа Влада номиналниот бруто домашен производ го зголеми за некаде отприлика 4,65 милијарди долари. Претходната Влада за 6 години го зголеми номиналниот бруто домашен производ за 4,5 милијарди долари – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk