logo
logo
logo

ЕДНА ХИМНА, ЕДНА ДРЖАВА: Мицкоски повика на интонирање во училиштата низ сите општини

Vecer | 11.09.2026

ЕДНА ХИМНА, ЕДНА ДРЖАВА: Мицкоски повика на интонирање во училиштата низ сите општини

Премиерот Христијан Мицкоски повика државната химна да се интонира во училиштата во сите општини, без разлика на етничката структура на населението. Тој нагласи дека интонирањето на химната е прашање уредено со Уставот и законите, посочувајќи на потребата од нивно почитување во сите училишта низ државата.

„Има закон како се регулира тоа и согласно законот може да се интонира химна на друга држава доколку се интонира и државната химна“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека државната химна, согласно законските одредби, може да се интонира со пеење или со слушање и дека околу нејзиниот статус, како што рече, нема никаква дилема.

„Јас повикувам сите, апсолутно сите општини, без разлика на етничката димензија, државната химна да се почитува и да се интонира во училиштата“, рече премиерот.

Мицкоски додаде дека и интонирањето химни на други држави е регулирано со закон и дека, доколку се почитуваат законските правила, не треба да има никакви проблеми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk