logo
logo
logo

НЕ Е СЕКОЈ ДЕН ВЕЛИГДЕН, еве какви денови не чекаат по празникот

Vecer | 10.04.2026

НЕ Е СЕКОЈ ДЕН ВЕЛИГДЕН, еве какви денови не чекаат по празникот

За Велиген имавме среќа, убавото време ги обележува празниците. А потоа... Потоа не е секој ден Велигден

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд.

Во вторник се очекува врнежите да бидат претежно во западните и северните делови. Во среда и четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималните температури ќе се движат од 1 до 10, а максималните од 12 до 24 степени.

Од УХМР посочуваат дека во недела и понеделник следува преодна стабилизација на времето. Во недела времето ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а во понеделник ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви период во централните делови од земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk