logo
logo
logo

ЗЕЛ СЛОБОДНИ ДЕНОВИ А КРВ НЕ ДАРУВАЛ: Кривична пријава за вработен во МВР

Vecer | 15.10.2026

ЗЕЛ СЛОБОДНИ ДЕНОВИ А КРВ НЕ ДАРУВАЛ: Кривична пријава за вработен во МВР

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

‒ Пријавениот, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, и покрај тоа што на 03.03.2026 и 09.07.2026 не дарувал крв во ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина при комплекс клиники „Мајка Тереза“, изготвил и употребил две лажни потврди за дарување на крв за што изготвил две барања за користење платено отсуство од три работни денови за деновите 03.03.2026, 04.03.2026 и 05.03.2026, како и за 09.07.2026, 10.07.2026 и 13.07.2026, по што ги искористил, соопшти МВР.

Одделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk