Приватното високо образование во Македонија беше добра идеја, со добар почеток во првите десетина години и даде очекувани резултати. Во тоа време се случија сериозни милионски инвестиции, предавачи беа угледни и искусни професори преземни од државните универзитети во Македонија, па и од соседните држави привлечени од добрите услови за работа и подобрите плати, а критериумот за полагање дури и построг од оној на државните универзитети.
Но, по првичните успешни години со замнивањето на добрите и искусни професори во пензија, почна да опаѓа квалитетпот на наставата, а приватните институти, факултети и универзитети се намножија на околу 20-тина и повеќе за што немаше ни доволно квалитетен наставнички кадар а конкуренцијата создаде услови на се помали цени за школувањето со паднат критериум што, дополнително, ги намали стандардите и квалитетот на наставата.

Се изврши обид намалувањето на студенти на поедини универзитети и факултети да се надомести со упис на студенти од странство што, заради лошите услови за нивно сместување и недоволно познавање странски јазици на втората генерација професори, се покажа како неуспех.
Соочени со финансиска криза газдите на приватните факултети и универзитети, кои се намножија до непристојно ниво, се фрлија - на спасување на бизнисот. Упис за секого, полагање по ниски стандарди кај новите професори кои имаа се помали плати што, потоа, донесе до намалување на угледот и привлечноста за студирање и недоверба при вработувањето на дипломците. Оваа фаза почна некаде околу 2014-2015 година.
Последните години на углед на привантите универзитети, се чини се 2015-2016 по што следи експанзија на приванти факултети која доведе до нивна девалвација. Во тие години се истакнуваа три сериозни привантни униеврзитети: ФОН, Европски универзитет и Америкен колеџ, другите беа под стандардите.

Речиси десет години потоа, денес, државата реши да воведе ред во приватното високо обарзование со анализа на работата и резултатите на приватните факултети и универзитети и да ги потсети дека добиле државна акредитација за која треба да испорачаат очекувани резултати.
А резултатите, десет години по завршувањето на “златниот период“ на угледни приватни универзитети, е дваесетина приватни факултети и универзитети во Македонија, најголем дел од нив (секако не сите) под секој стандард за студирање, “фабрики за дипломи“.
Еве кој и како заработувал од приватното студирање во 2025-та:

ФОН, Америкен Колеџ и Европски универзитет кои се основополжници на приватното стиудирње во “златниот период“ и по десет години од завршувањето на тој период останале во рамките на истите, па и помали приходи - не се трансформирале во “фабрики за допломи“ но, затоа, Меѓународниот балкански униврзитет и Штуловиот од Тетово имаат проходи и повеќе од некои други фабрики во реалниот материјален бизнис.
Тука веќе може да се истражува и корупција. Корупцијата на приватните факултети е предмет и во регионот и често се манифестира преку две главни форми: трговија со дипломи (купување испити или цели дипломи без всушност да посетува настава) и полесни критериуми поради статусот на студентот како „купувач на услуги“. Акредитацијата тоа не го дозволува.
Веќе почна затворање на некои приватни институти, а најавено и е затворање на неколку приватни факултети поради непридржување до законските обврски и образовните стандарди. Наведени се и примери каде студентка положила 14 испити во една сесија, или студенти кои полагале иако не се ни појавиле на нестава или испит... Јавноста го поддржа ова.
Од друга страна, владата реши сериозно да ги зголеми државните трошоци за јавните факултети и универзитети за да се подобрат стандардите и испорача поголем квалитет на дипломците кои ги очекува индустријата и економијата.

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата во изминатите две години реализирала најголеми инвестиции во образованието и науката, наведувајќи дека буџетот за оваа област во 2026 година достигнал рекордни 40 милијарди денари.
Од партијата велат дека тоа претставува значително зголемување во однос на 2024 година, кога, според нив, буџетот за образование изнесувал 32 милијарди денари.
„Веднаш откако СДС замина во опозиција, а ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста да управува со институциите, се обезбедија дополнителни 900 милиони денари за редовна исплата на платите во училиштата и 1,4 милијарди денари за повисоки плати на универзитетските професори“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, особено внимание било посветено на високото образование, при што буџетот за оваа област во 2026 година достигнал 8 милијарди денари, што, како што тврдат, е речиси трипати повеќе во споредба со 2022 година, кога изнесувал помалку од 3 милијарди денари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата