logo
logo
logo

Се проширува позитивната листа

НАМЕСТО 2.700 ДЕНАРИ, само симболична партиципација за три нови лекови

Vecer | 07.07.2026

НАМЕСТО 2.700 ДЕНАРИ, само симболична партиципација за три нови лекови

Позитивната листа на лекови е официјално проширена со три нови антикоагуланти (еноксапарин, надропарин и ривароксабан), кои веќе се достапни за граѓаните во аптеките. Оваа мерка ќе донесе огромни заштеди во семејните буџети, со оглед на тоа што овие лекови досега чинеа илјадници денари, а сега ќе се земаат само со минимална партиципација.

Како што појасни генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, првите два лека досега се купуваа приватно со рефундација по цени од 1.100 до 2.700 денари, а сега за нив ќе се плаќа партиципација од само 160 до 240 денари, при што еден од брендовите ќе биде целосно без доплата. Третиот лек, „ривароксабан“, за првпат се наоѓа на позитивната листа, а неговата цена од околу 2.200 денари паѓа на партиципација од 160 денари.

Заштедата кај најчесто користената доза на овој лек изнесува дури 1.752 денари по пакување, а од 1 јануари 2027 година тој ќе биде достапен целосно без доплата.

Генералниот директор на ФЗОМ најави дека ова е само почеток на стратегијата за олеснување на финансискиот товар на пациентите:

„Во основа тоа што го постигнуваме не е само намалување на цената за осигурениците за граѓаните, кажав веќе дека на последниот антикоагулант заштедата на најчесто користеното пакување ќе е 1.700 денари, туку обезбедуваме и намалување на цените. Значи референтната цена на лековите ќе биде значително намалена. Во еден случај ќе биде намалена за 50 проценти, што значи дека ќе имаме не само намалена цена за пациентите, ќе имаме намалена и цена и за Фондот. Почнуваме со две поставки – прво тоа е вклучување скапи лекови по дефиницијата на Фондот, значи лекови што чинат од 2.000 денари до 3.000 денари во месечни дози, сега може да варираат повеќе или помалку и означуваат дека во натамошните чекори ќе се стремат да вклучат вакви ваков тип на лекови, затоа што овие се лековите кои претставуваат значителен товар на граѓаните“, потенцира Клековски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk