ДЕСЕТ ПАТИ ПОВИСОКИ КАЗНИ за нефер трговија, најави министерот Дурмиши

Vecer | 20.11.2026

ДЕСЕТ ПАТИ ПОВИСОКИ КАЗНИ за нефер трговија, најави министерот Дурмиши
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Десеткратно повисоки казни, во висина и до 200.000 евра, предвидуваат измените на Законот за нефер трговски практики, што треба да бидат донесени идната година.

Како што рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, Законот се применува веќе десет месеци и има влијание, но не колку што било очекувано.

-Измените се работат со сите надлежни институции и бизнис секторот. Имаме различни мислења, но ќе излеземе со конкретен став, нагласи министерот на брифинг со новинарите.

Со законските измени ќе бидат опфатени и маркетите (трговските синџири) и дистрибутерите.

Дурмиши најави и нов закон за угостителска дејност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk