logo
logo
logo

ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ - Побара министерот Николоски

Vecer | 16.09.2026

ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ - Побара министерот Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, на бизнис форумот во Стопанската комора, упати директна порака дека мора да се реши проблемот со превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките, без какви било задржувања, чекања и пречки.

Укажа и на нелојалната конкуренција во делот на тендерирањето на инфраструктурните проекти во рамки на ЕУ. Посочи дека најголемите зделки ги добиваат компании од Кина и Индија, наместо европски фирми. Николоски смета дека парите на даночните обврзници не треба да се одлеваат надвор, туку треба, како што рече, да циркулираат преку стопанството во рамки на Унијата.

- Мислам дека разговораме за апсурд. Во 21 век, со признати либерализации со земја кандидат за членство во ЕУ која ги почна преговорите, да разговараме дали македонски превозник треба кога ќе се качи во камион да ги брои деновите, часовите и минутите. Ако имаме нелојална конкуренција од една страна, а немаме слободен проток на стока и на добра, тогаш нема поента за било што да разговараме. И обратно, ако ги решиме овие два проблема, тогаш можностите се огромни, напомена Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk