Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи по изборниот пораз на кандидатот на неговата партија, Стојанчо Радичевски, на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
Во објава, Мицкоски оцени дека ВМРО-ДПМНЕ настапила со конкретна изборна програма и развоен концепт, додека политичките противници, според него, се потпирале на етничка мобилизација и одвлекување гласови.
„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови“, напиша Мицкоски.
Тој нагласи дека концептот „Една Брвеница за сите“ останува основа на политиките на неговата партија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата