logo
logo
logo

Од ВЛТ апарати до БАНКАРСКИ ИЗВОДИ - што се чита пред судот за „Државна лотарија“

Vecer | 23.09.2026

Од ВЛТ апарати до БАНКАРСКИ ИЗВОДИ - што се чита пред судот за „Државна лотарија“

Со читање на материјални докази и презентирање на обемна финансиска документација, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на лотаријата Перпарим Бајрами.

Обвинителството пред судницата изведе докази кои опфаќаат владини одлуки, договори за заедничко вложување и основање на „Државна видео лотарија – Казинос Аустриа“ од 2013 година, како и целосна финансиска документација за набавката на видеолотариски терминали (ВЛТ). Меѓу презентираните докази беа девизни налози, банкарски изводи, аналитички картички за економските оператори и фактури кои биле анализирани од вештаци во врска со испорачаната стока и извршените плаќања.

Од друга страна, одбраната оцени дека обвинението е слабо и контрадикторно. Адвокат Јордан Апостолски, бранител на обвинетиот Бојан Јанев, истакна дека изведените докази покажуваат оти членовите на Надзорниот одбор постапувале по инструкции и со претходна согласност од Владата, исклучиво за да го заштитат државниот интерес.

Во овој предмет, покрај Груби и Бајрами, обвинети се уште шест лица, кои се товарат за злоупотреба на службената положба со која наводно предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од околу 596 милиони денари. Сите обвинети во претходниот тек на постапката се изјаснија дека не се виновни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk