logo
logo
logo

Адвокатка клеветела дека колега СЕ „УДВАРАЛ“ НА КЛИЕНТКИ

Vecer | 03.10.2026

Адвокатка клеветела дека колега СЕ „УДВАРАЛ“ НА КЛИЕНТКИ

Битолскиот суд пресудил дека адвокатката Катерина Котеска Стисниковска е виновна за клеветење на адвокатот Јанаки Митровски кој според неа заглавувал клиенти во трошоци и им се удварал.

,,Основниот суд Битола утврди дека адвокат Катерина Котеска Стисниковска е одговорна за изнесени клевети и навреди кон адвокат Јанаки Митровски. Пресудата е потврдена од Апелациониот суд Битола. Коските си ги оставив за македонската адвокатура. Преку личен пример се обидувам да пренесам на младите генерации љубов кон работата, резистентност на партиски подлизурковци, непочит кон партиско политички инсталации во судството.За жал македонската адвокатура е преполна со завист и злоба, едноставно кај нас успехот не се простува. Па така колешката Катерина, ничим изазвана, во некоја фб група во услови кога некој ме препорачал за предмет, истури салги на лаги и клевети за мене. Се мислев дали воопшто да се занимавам со нејзе бидејки имам попаметни работи. Но, верувам во одговорност.Судењето беше посебно доживување, не би изнесувал детали од почит, пред се кон судијата и поротниците, кои имаа неблагодарна задача да не трпат.Клевета кон колега адвокат патем е дисциплинска повреда и секако ќе ја проследам пресудата до адвокатска комора”, објави Митровски.

Тој ја објави и пресудата во која е наведено дека Митровски не заглавувал клиенти во трошоци и не им се додворувал на клиентки.

Пред 3 години Катерина Котеска Стисниковска беше хероина која го доби предметот Битолска јавна соба каде беа објавувани фотографии од жени и девојки без нивна согласност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk