logo
logo
logo

НЕМАМ АМБИЦИИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА, ќе предводам уште една огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 02.07.2026

НЕМАМ АМБИЦИИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА, ќе предводам уште една огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ

Немам амбиција да се кандидирам за претседател на државата, но како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на следните парламентарни избори, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав кога тоа ќе се случи, дали за година, 5, 10 години. Ќе треба овие кои што се уплашени од мене, а кои што континуирано ги гледам како ми претскажуваат некаков крај, да се потрудат малку повеќе, за тоа да трае малку пократко. Јас пак од друга страна ќе се потрудам малку повеќе за тоа трае подолго. Што подразбира тоа? Тоа подразбира дека планирам убедливо како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да предводам кон уште една огромна парламентарна победа во која што задоволен би бил доколку успееме на тие избори да го подобриме резултатот од тој кој што го имаме пред повеќе од 2 години – рече премиерот во гостување на Сител.

Имам уште многу работи да направам и за граѓаните и за државата бидејќи од оваа улога можам точно да видам што е она кое што боло погрешно направено изминатите децении, додаде тој.

Граѓаните заслужуваат да биде подобро, мотивиран сум и работам како никогаш во мојот живот. Се обидувам да помогнам на секој еден на кој што можам, бидејќи јас не сум чудотворец и не можам на сите да помогнам и да правам чуда. Но, во рамките на моите можности секогаш се трудам да помогнам. И нормално, она кое што од мене го очекуваат граѓаните, да ја спроведам правдата во рамките на моите ингеренции како претседател на Владата. Така што еве уште еднаш потврдувам дека немам амбиција да бидам претседателски кандидат – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk