Од почетокот на примената на системот „Безбеден град“ се евидентирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95% од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР потенцираат дека податоците се показател оти најголемата опасност на патиштата не се камерите, туку неодговорното возење. Спроведувањето на „Безбеден град“, како што посочуваат од МВР, придонело кон намалување на бројот на жртви во изминатите пет месеци споредено со истио период минатата година.

„Резултатите веќе го потврдуваат тоа. Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година. Продолжуваме со неговата имплементација низ целата држава, затоа што нашата цел не е да изрекуваме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи, помалку изгубени животи и побезбедни патишта за сите. ‘Безбеден град’ е технологија што спасува животи. Безбедноста нема алтернатива“, се наведува во објавата на МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата