Ако сакал функција, можел да ја има која било. Ахмети нема да се кандидира за Претседател бидејќи тој има друга мисија, рече денеска техничкиот Премиер Талат Џафери.
-Господинот Ахмети има мисија, а не е претендент за функција колку што знам и мислам дека нема да прифати. Нема потреба тој да покажува кој е и колку е после 50 години свој придонес во нештата во оваа држава и за оваа држава и за граѓаните на оваа држава. Негова мисија е Европа и ЕУ и работи на таа мисија. Не мислам дека му е приоритет натпреварувањето по однос на било која функција. Да сакал функција можел да ја има која сака функција во овие 20 години – рече Џафери.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата