logo
logo
logo

ДВЕ МАЈКИ ПРЕТЕПАНИ ОД СВОИТЕ СИНОВИ - Полицијата со нови случаи на семејно насилство

Vecer | 06.08.2026

ДВЕ МАЈКИ ПРЕТЕПАНИ ОД СВОИТЕ СИНОВИ - Полицијата со нови случаи на семејно насилство

Две мајки од Скопје биле жртви на физички напади од своите синови. Случаите на семејно насилство биле пријавени во полиција, која презема мерки за расчистување на настаните.

На 4 август во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Н. (22) од скопско, по претходна пријава дека истиот ден околу 21:00 часот во домот физички ја нападнал неговата 55-годишна мајка.

Истиот ден во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Драчево извршиле службен разговор со М.А. (42) од Скопје, по пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 73-годишна мајка.

Од СВР Скопје информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk