logo
logo
logo

ДВЕ ГОДИНИ БЕГАЛ, НО ПОТЕРНИЦАТА ГО СТИГНА: 44-годишен скопјанец падна во рацете на полицијата во Арачиново

Vecer | 16.09.2026

ДВЕ ГОДИНИ БЕГАЛ, НО ПОТЕРНИЦАТА ГО СТИГНА: 44-годишен скопјанец падна во рацете на полицијата во Арачиново

По две години бегство, 44-годишен скопјанец денеска бил лишен од слобода во Арачиново, соопшти Министерството за внатрешни работи.

С.И. (44) бил приведен околу 05:30 часот од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, во содејство со Интервентната полиција.

Лицето се барало со централна потерница поради сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 3 од Кривичниот законик. За делото бил осуден на казна затвор во траење од пет години.

Според МВР, С.И. бил во бегство од 2024 година.

Тој бил предаден во Полициската станица за општа надлежност Гази Баба за понатамошна постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk