logo
logo
logo

ДВЕ ДЕВОЈКИ СКОКНАЛЕ ОД ТАКСИ ВО ДВИЖЕЊЕ ЗА ДА СЕ СПАСАТ? - Полицијата истражува случај во Тетовско

Vecer | 05.08.2026

ДВЕ ДЕВОЈКИ СКОКНАЛЕ ОД ТАКСИ ВО ДВИЖЕЊЕ ЗА ДА СЕ СПАСАТ? - Полицијата истражува случај во Тетовско

Драма во такси возило во Тетовско – две девојки, според пријавата, скокнале во движење откако возачот не ги однел до посакуваната локација и почнал непримерно да се однесува. Полицијата го истражува случајот, кој бил пријавен на 4 август во Полициското одделение Теарце.

Според пријавеното, неговата 20-годишна девојка Е.И. и нејзината 16-годишна другарка, двете од селото Пршовце, додека се превезувале со такси возило, се соочиле со непримерно однесување од страна на возачот, кој не го запрел возилото и не ги однел на локацијата што ја побарале.

Во пријавата се наведува дека двете успеале да скокнат од таксито додека било во движење, по што побарале помош.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Тетово, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk