logo
logo
logo

ДРАМА ВО ПЕЛАГОНИЈА И БОГОМИМЛА - Едно лице заврши во болница!

Vecer | 14.08.2026

ДРАМА ВО ПЕЛАГОНИЈА И БОГОМИМЛА - Едно лице заврши во болница!

Огнот дојде до првите куќи во Богомила, но благодарение на брзата реакција на пожарникарите и локалното насление, но и на пожарникарите од Велес кој дадоа голем допринос за најпрво локализирање и потоа и гаснење на пожарот. 

Најтешка ситуација имавме во пелагонискиот регион, бидејќи огнот ги загрози селата Ивањевци, Лозани и Новоселани. 

Ова го истакна Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување кој истакна дека вчерашниот ден бил еден од најтешките ова лето за справуање со бројните пожари кои избувнаа на територијата на нашата земја. 

- Доцна попладнето пристигнавме во село Лостени, и она што го затекнавме беше застрашувачко. Огнот беше на само 50 метри од куќите, и имаше зафатено висока сува трева... и се движеше кон куќите. На лице место гаснеа пожарникарите но борбата беше многу тешка, бидејќи линијата на огнот беше многу голема. Голем допринос во гаснењето даде локалното население, а беше ангажиран и тим за брзо распоредување, составен од 20 припадници на доброволното друштво Архангел од Битола, кои помогнаа во гаснење на преостанатите линии. 

Ангелов посебно се заблагодари до локалното население кое несебично се борело со огнот во околината, и истакна дека има едно хоспитализирано лице од изгореници добиени при гаснењето на пожарите. 

Воедно тој истакна дека голем придонес во гаснењето на пожарот имал тракторис од локалното насление кој успеал да направи многу за гаснењето на пожарот. 

- Посебно сакам да го истакнам и да му се заблагодарам на младиот тракторист Аце (Александар Чепиговски) од с. Ивањевци покажа извонредна вештина на управување со неговиот огромен трактор, изложувајки се на голем ризик орајки директно низ линијата на огнот со што го сопре ширењето на пожарот на повеќе места - напомена Англеов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk