logo
logo
logo

ЗА ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК - Организиран вонреден превоз за сите верници до манастирот Матка за Голема Богородица!

Vecer | 19.08.2026

ЗА ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК - Организиран вонреден превоз за сите верници до манастирот Матка за Голема Богородица!

По повод Успението на Пресвета Богородица (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.

Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка.Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот - информираат монахињите од Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка. 

- Со љубов ве очекуваме да ја споделиме празничната радост,  Литургиски со соборна молитва и мир. Нека благословот на Пресвета Богородица биде со сите нас. На многаја лета!!! - посочуваат од сестринството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk