Асоцијацијата Макам-транс упати повик до сите превозници, возачи, соработници и ВИП членки да се приклучат на протестот против правилото 90/180 дена престој во Шенген зоната, кое создава сериозни проблеми за професионалните возачи.
Протестот ќе се одржи во понеделник, 31 август, од 12:00 до 14:00 часот, пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Од асоцијацијата порачаа дека целта е да се испрати јасна порака до европските институции – професионалните возачи мора да добијат соодветно решение за специфичностите на нивната работа и непречено да го остваруваат превозот.
„Ве повикуваме да бидеме што побројни. Само обединети можеме да бидеме слушнати,“ стои во повикот на Макам-транс.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата