logo
logo
logo

РЕФОРМИ ШТО НОСАТ СТАБИЛНОСТ, Владата ја зајакнува енергетската безбедност

Vecer | 05.08.2026

РЕФОРМИ ШТО НОСАТ СТАБИЛНОСТ, Владата ја зајакнува енергетската безбедност

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија, соопштија од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од 13 години. Со неговото ставање во функција, велат од партијата, се обезбедува посигурен транспорт на нафтени деривати, се зголемува стабилноста во снабдувањето и се зајакнува енергетската безбедност на државата.

„Во исто време, Владата инвестира во создавање нови енергетски врски со соседните земји. Изградбата на гасната интерконекција со Грција е во напредна фаза, а се преземаат интензивни активности и за интерконекцијата со Србија. Овие проекти ќе овозможат диверзификација на изворите за природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и поконкурентен енергетски пазар. Покрај капиталните инвестиции, се реализира и процес на модернизација на пазарот на електрична енергија. Преку функционирањето на Интрадеј пазарот и приклучувањето кон европските механизми за тргување, Македонија се интегрира во современиот европски енергетски систем, што носи поголема ефикасност, транспарентност и нови можности за домашната економија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, додаваат од таму, се спроведуваат законски и регулаторни реформи со кои домашното законодавство се усогласува со европските правила.

„Новите стандарди за квалитет на течните горива, мерките за управување со ризици во снабдувањето со гас и зајакнувањето на стратешките резерви придонесуваат за создавање постабилен и поотпорен енергетски систем“, се наведува во соопштението.

Додаваат дека за првпат е воспоставен систем за мерење на енергетската сиромаштија, доделени се над 4.000 ваучери за инвертер-клима уреди, а обезбедена е и директна финансиска поддршка во износ од речиси 149 милиони денари за ранливите категории граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk