Транспортните врски како и подобрувањето на економската соработка со Црна Гора биле дел од разговорот што го имал вицепремиерот Александар Николоски со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надоврешни работи, Филип Ивановиќ, како и со министерот за транспорт, Радош Зечевиќ.
Николоски во изјавата по средбите рече дека се разговарало поврзувањето на земјава со тетото пристаниште во регионот – Бар, а како значаен за тоа го издвои автопатот Скопје-Блаце кој почна да се гради неодамна.
-Веќе почнавме да го градиме автопатот Скопје – Блаце, кој што значи отворање на Македонија кон трето пристаниште – тоа е отворање кон пристаништето Бар, покрај пристаништето Солун кон кое што имаме и автопатска и железничка конекција и покрај пристаништето Драч, каде што во моментот градиме и автопатска и железничка конекција. Исто така, со изградбата на автопатот од Скопје до Блаце зборуваме и за поврзување со пристаништето Бар- рече Николоски.
Тој додаде дека наскоро ќе се потпише и договор за директен лет помеѓу Скопје и Подгорица.
-Со што ќе имаме уште еден главен град со којшто сме поврзани. Тоа многу ќе помогне за развојот на туризмот, но исто така и за развојот на бизнисот и конекцијата помеѓу двете држави. Аеродромите и во Скопје и во Подгорица растат и ова е добар начин да продолжиме да соработуваме и да продолжат да растат двата аеродроми- рече Николоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата