logo
logo
logo

КРИВОЛОВЦИ ЗАГЛАВИЈА ВО МРЕЖАТА НА ПОЛИЦИЈАТА - Двајца приведени, запленета риболовна опрема

Vecer | 04.08.2026

КРИВОЛОВЦИ ЗАГЛАВИЈА ВО МРЕЖАТА НА ПОЛИЦИЈАТА - Двајца приведени, запленета риболовна опрема

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во текот на јуни и јули спровела 44 акциски контроли на Охридското Езеро насочени кон сузбивање на незаконскиот риболов, откривање сторители и пронаоѓање рибарски мрежи и други предмети поврзани со односното кривично дело.

За време на контролите, полициските службеници затекнале две лица при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“. Станува збор за лица од охридското село Пештани и од Струга, кои биле приведени во полициска станица, а против нив се поднесени соодветни пријави.

Во акциските контроли биле пронајдени и одземени вкупно 25 таканаречени висечки рибарски мрежи, со вкупна должина од четири километри и 900 метри, што се најстрого забранети за улов на риба.

Запленети се и 702 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 97,1 килограм.

Од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ информираат дека и во наредниот период ќе продолжат со акциски контроли за сузбивање на незаконскиот риболов, како и со контроли за почитување на одредбите од Законот за внатрешна пловидба. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk