logo
logo
logo

Фатени на дело: ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ ДВЕ ЛИЦА ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАРИ

Vecer | 15.08.2026

Фатени на дело: ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ ДВЕ ЛИЦА ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАРИ

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор.

Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, на место викано „Падарица“ во Прилеп, го лишија од слобода И.Ч. од Прилеп, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор, при што кај него била пронајдена и запалка – посочуваат од Министерството.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk