logo
logo
logo

„Правдата не виде бел ден“: ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА ЗА ЗАШТИТА НА ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ ВО СЛУЧАЈОТ СО МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ

Vecer | 24.08.2026

„Правдата не виде бел ден“: ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА ЗА ЗАШТИТА НА ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ ВО СЛУЧАЈОТ СО МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ

Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел ден, благодарение на обвинителот во заминување, Ислам Абази кој целиот свој мандат наместо да ја извршува функцијата обвинител за гонење организиран криминал, дури и на крајот на мандатот покажа дека имал единствена цел, а тоа е заштита на интересите на СДСМ и ДУИ, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– Така благодарение на овие постапки на Абази, од СДСМ и самиот Венко Филипче велат дека сè било во ред со модуларните. Но, дека не е така јасно им е на сите. Јавноста сведочеше на низа вештачења, низа документи кои укажуваат дека за да се изградат болниците не бил баран никаков услов според Законот за градење, туку единствен закон во тоа време била волјата на Филипче. И токму поради тоа исходот од едната модуларна болница беше суровиот факт – изгореа 14 пациенти – рече Лефков.

Филипче во процедурите одел дотаму да прави анекси за зголемување на цената на модуларните, барал од надлежните само да се потпишуваат на документите кои им ги доставувал, а не ги оставал да работат според закон, додаде тој.

– За тоа сведочи изјава на вработено лице во Министерството за здравство кое во исказ пред Обвинителството изјавило, цитирам „сакам да појаснам дека не сум ја изготвила техничката спецификација, туку само сум ја проследила по налог на министерот Филипче до министерот за труд и социјална политика“. Значи Филипче следејќи ги личните и партиските интереси не се интересирал ниту што велеле експертите. А денес излегува во јавноста и се фали дека правилно постапил обвинителот на СДСМ и на ДУИ. Но, Филипче мора да има на ум дека при нов доказ повторно може да почне постапка за истото дело. А граѓаните, семејствата на жртвите имаат право на правда – порача Лефков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk