logo
logo
logo

НАУКАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ОДБРАНА НА МИРОТ: Потпишана Скопската декларација

Vecer | 21.10.2026

НАУКАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ОДБРАНА НА МИРОТ: Потпишана Скопската декларација

По повод 20-годишнината на Универзитет Скопје, во Скопје беше усвоена и потпишана „Скопската декларација: Универзитетите, академиите и училиштата како засолништа на мирот“, како дел од иницијативата Глобална мировна офанзива (GPOC).

Глобалната мировна офанзива е меѓународна иницијатива што ја повикува академската, научната и интелектуалната заедница поактивно да придонесе кон градење култура на мир преку дијалог, образование, соработка и човечка безбедност.

Со Декларацијата се испраќа јасна порака дека универзитетите, академиите, училиштата, научните центри и културното наследство мора да бидат заштитени од последиците на конфликтите, а знаењето, образованието и академскиот дијалог да останат темели на мирот и човечката безбедност.

Иницијативата ја претстави претседателот на GPOC, Донато Кинигер-Пасили, a ja потпишаa Ректорот на Универзитет СКОПЈЕ, проф. д-р Аце Миленковски, со претставници на Светската академија за уметност и наука, Универзитетот Алма Матер Еуропеа од Словенија, Светскиот универзитетски конзорциум и Меѓународниот совет на универзитети од Турција, во кој членуваат повеќе од 200 високообразовни институции од различни земји во светот.

Со ваков состав на потписници, Скопската декларација уште од своето усвојување добива силна меѓународна академска димензија и потенцијал за пошироко глобално влијание.

Скопската декларација останува отворена за нови потписници, со амбиција да прерасне во поширока меѓународна академска платформа за заштита на знаењето, дијалогот и мирот.

Во следната фаза, Декларацијата ќе биде доставена до Обединетите нации, УНЕСКО и други релевантни меѓународни организации, институции и академски мрежи, со цел нејзините принципи да добијат поширока меѓународна поддршка и институционална видливост.

Со ова, Универзитет СКОПЈЕ и главниот град на Македонија не беа само домаќини на еден академски настан, туку место од кое беше испратена порака со глобално значење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk