Една навидум безопасна навика зад воланот сега може да ве чини до 4.000 евра - заедно со одземање на возачката дозвола.
Важно е да знаете дека овие правила важат и за туристите, без никакви исклучоци. Затоа е добра идеја да проверите што се променило и како да избегнете непријатности на патот пред да тргнете.
Користењето мобилен телефон додека возите е една од главните причини за несреќи
Користењето мобилен телефон додека возите станува една од главните причини за сообраќајни несреќи низ целиот свет, а грчките власти сега ги казнуваат прекршителите со многу високи казни.
Важно е да се напомене дека возачите кои држат телефон во рака додека возат реагираат половина секунда побавно од оние кои возат без телефон. Таа разлика од половина секунда значи растојание на запирање за дури 14 метри подолго при брзина од 110 км/ч.
Новиот Закон за безбедност во сообраќајот во Грција, кој стапи во целосна сила минатиот септември, воведува построги казни за оние кои прават сериозни и опасни сообраќајни прекршоци.
Меѓу навиките што станаа секојдневие, а воедно и една од главните причини за сериозни несреќи, е употребата на мобилен телефон при возење. И покрај постојаните кампањи, предупредувањата од експертите и статистиката што јасно го покажува зголемениот ризик од несреќи, овој прекршок сè уште се евидентира многу често.
Особено е важно туристите од Македонија да знаат дека грчката полиција ги третира овие прекршоци многу сериозно, особено во текот на летната сезона кога има зголемена контрола на патиштата кон популарните летни одморалишта.
Затоа новиот закон повеќе не остава простор за толеранција и воведува многу построги казни. За разлика од претходниот закон, каде што беше предвидена само забрана за возење во траење од два месеци, сега се воведени високи казни. Во некои случаи, казната може да достигне и до 4.000 евра, заедно со одземање на возачката дозвола до осум години.

Доколку планирате патување со автомобил во Грција, важно е да бидете особено внимателни во сообраќајот, бидејќи властите воведоа построги контроли и повисоки казни пред туристичката сезона.
Со новиот закон за безбедност во сообраќајот, акцентот е ставен на најчестите и најопасните прекршоци, како што се брзо возење, користење мобилен телефон, поминување на црвено светло и игнорирање на сообраќајни знаци. Сепак, посебно внимание сега се посветува на знакот за предност на минување.
Овој знак, препознатлив по превртениот триаголник, означува дека возачот мора да им отстапи предност на возилата што се движат по главниот пат. Иако е основно правило, многумина го игнорираат, што може да доведе до сериозни последици.
Според новите прописи, непочитувањето на овој знак носи казна од 350 евра. Освен тоа, возачот може да остане без возачка дозвола и регистарски таблички во период од 30 дена.
Овие мерки се дел од пошироката стратегија на грчките власти за зголемување на безбедноста на патиштата, особено во период кога земјата бележи зголемен број туристи.
Затоа, сите возачи кои патуваат во Грција треба строго да ги почитуваат сообраќајните правила, бидејќи и најмала невнимателност може да резултира со високи казни и дополнителни санкции.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата