logo
logo
logo

Не им доаѓа памет - СЕ ВЕСЕЛЕЛ СО ПИШТОЛ ПА ПОГОДИЛ КУЌА

Vecer | 06.08.2026

Не им доаѓа памет - СЕ ВЕСЕЛЕЛ СО ПИШТОЛ ПА ПОГОДИЛ КУЌА

Жител на тетовското село Боговиње денеска е уапсен откако неколку часа претходно пукал со пиштол на семејна прослава, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа.

„На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и претрес во дом на Ф.М. (50) во с.Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk