logo
logo
logo

Доживотна казна за Петар Станковски кој си ја уби мајката

Vecer | 17.07.2026

Доживотна казна за Петар Станковски кој си ја уби мајката

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, случај кој ја потресе јавноста.

Од Судот информираат дека Станковски е прогласен за виновен за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“. Обвинетиот на судењето признал вина, а притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата, која е првостепена.

Настанот се случил на 11 јануари 2026 година, околу 21 часот, во стан во Богданци каде што живееле под закуп. По убиството, Станковски сам се пријавил во полициска станица.

Според обвинението на Основното јавно обвинителство Гевгелија, меѓу мајката и синот започнала расправија поврзана со лекувањето на обвинетиот, по што тој зел нож од кујната и ѝ нанел повеќе повреди.

Откако ножот се скршил, според обвинението, употребил и други остри предмети, по што жената починала од здобиените повреди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk