Седум мигранти во кола управувана од струмичанец фати полицијата

Vecer | 25.07.2026

Седум мигранти во кола управувана од струмичанец фати полицијата
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Полицијата при контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал струмичанецот, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Пакистан, две од Авганистан и едно од Турција.

„Вчера во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат село Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

За настанот е известен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk