Автобус се запали денеска додека се движел по автопатот Тетово–Гостивар, по што интервенирале надлежните служби, а сообраќајот на делницата се одвивал отежнато.
Според првичните информации, пожарот избувнал во момент кога автобусот бил во движење. На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот на кое се гледа како возилото е целосно зафатено од пламен.
По пријавата за пожарот, на терен излегле противпожарни екипи кои интервенирале за локализирање и гасење на огнот.

Поради интервенцијата и безбедносните мерки, сообраќајот на автопатот Тетово–Гостивар извесен период се одвивал со намалена брзина и отежнато движење.
Засега нема информации за причините поради кои избувнал пожарот, ниту дали има повредени лица. Се очекуваат детали од надлежните институции по завршувањето на увидот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата