logo
logo
logo

МНОГУ БРЗО ЖИТЕЛИТЕ НА ГОСТИВАР ЌЕ ПИЈАТ НАВИСТИНА ЧИСТА ВОДА

Vecer | 01.08.2026

МНОГУ БРЗО ЖИТЕЛИТЕ НА ГОСТИВАР ЌЕ ПИЈАТ НАВИСТИНА ЧИСТА ВОДА

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека процесот за нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар е при крај  и дека очекува уште денеска граѓаните да добијат вода безбедна и за пиење.

Според него, во моментов се спроведува процес на хиперхлорирање што го изведуваат експерти од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, а секојдневно се земаат мостри и се прават анализи.

-Веќе можам да кажам дека одиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во Гостивар граѓаните ќе можат да користат вода за пиење која ќе биде бактериолошки исправна. Но, замолувам за трпение, затоа што имаме сериозен пристап и сериозно го вршиме овој процес – рече Мицкоски.

Тој додаде дека очекува многу скоро, денеска, покрај техничката вода што веќе е достапна, граѓаните на Гостивар да добијат и вода што ќе може да се користи за готвење и пиење.

Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од опозицијата околу состојбата со водата и процесот на хиперхлорирање, Мицкоски рече дека Владата реагирала веднаш и презела конкретни мерки.

-Во овој случај, ние како држава што направивме? Обезбедивме за Гостиварци чиста вода за пиење. Им благодарам на сите општествено одговорни компании и лица што се приклучија и донираа- рече Мицкоски.

Тој потсети дека причината за загадувањето била несовесното работење на вработени во ЈП „Водовод“ – Гостивар.

-Имавме несовесно работење на вработени од јавното претпријатие „Водовод“, кои директно со цевки и пумпи вода од река префрлиле во главниот резервоар. За тоа обвинителството постапува и веќе имаме лица кои се обезбедени, сослушани и очекувам истрагата да се проширува – изјави Мицкоски.

Тој потсети дека постојат документи кои ги покажа на собраниска седница дека со години ништо не се преземало од претходната влада да се подобри водата за пиење во Гостивар и покрај тоа што имало испитувања кои покажувале дека таа била неупотреблива.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk