logo
logo
logo

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТЕТОВСКО - Маж ја избркал сопругата со трите деца, па физички ја нападнал

Vecer | 07.08.2026

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТЕТОВСКО - Маж ја избркал сопругата со трите деца, па физички ја нападнал

Три малолетни деца заедно со нивната мајка биле избркани од семејниот дом во Тетовско, по што жената пријавила дека била и физички нападната од својот сопруг. Полицијата го привела 36-годишниот тетовец, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Министерството за внатрешни работи.

На 06.08.2026 во 23:45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Ф.(36) од тетовско, со престој во Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека околу 21:00 часот во нивниот дом ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа и физички ја нападнал.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk