НЕМА НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА, информираат од министерството за здравство

Vecer | 02.08.2026

НЕМА НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА, информираат од министерството за здравство
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Не се пријавени нови лабораториски потврдени случаи со западнонилската треска, соопшти Министерството за здравство.

Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации.

Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест и изработени се 734 нови епидемиолошки анкети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk