logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ ЈА МРАЗИ МАКЕДОНИЈА - Да се извини што лажеше за прославата за независност, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 11.09.2026

ФИЛИПЧЕ ЈА МРАЗИ МАКЕДОНИЈА - Да се извини што лажеше за прославата за независност, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Очигледно дека Венко Филипче ја мрази Македонија. Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата. Сите факти се на маса и сите конструкции паднаа. По обелоденувањето на информациите поврзани со проектот за одбележување на 35 години независност, јасно е дека нема ништо спорно и ништо незаконски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Венко Филипче и СДС со денови ја лажеа јавноста, создаваа афери таму каде што ги нема и преку своите контролирани пера организираа хајка против луѓе и уметници. Сега, кога фактите ја разобличија нивната приказна, најмалку што можат да направат е јавно да се извинат. Но оваа измислена афера откри нешто многу поголемо – на Филипче и СДС им пречи сè што создава чувство на гордост и припадност кон Македонија, велат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека на СДСМ им пречи одбележувањето на независноста, им пречи кога народот е горд, им пречи кога Македонија слави сопствени успеси и сопствена историја.

-Затоа нивната политика сè повеќе се претвора во антимакедонска матрица во која секој национален успех треба да биде омаловажен, секоја прослава да биде претворена во скандал, а секој човек кој не се вклопува во нивниот наратив да биде изложен на организирана хајка. Особено лицемерно е однесувањето на Филипче. Во едната половина од денот измислува борба против некаква негова измислена „српска свест“, а во другата половина застанува во одбрана на турбо-фолкот и неговото присуство. Денес едно, утре друго – единствениот принцип е политичката корист. Тоа не е политика на принципи, туку политика на конфузија, двојни стандарди и немоќ. И токму затоа Филипче толку лесно самиот се препознава кога ќе се спомене талогот. Не затоа што некој го посочил, туку затоа што политиката на лаги, конструкции, хајки и омаловажување на сопствената држава сама го пронаоѓа своето место. Фактите победија, лагите паднаа. А талогот, колку и да е гласен, на крајот секогаш останува на дното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk