АЛТА БАНКА ПОД ЛУПА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО – Савески најавува проверка на секоја кривична пријава, обвинителите имаат обврска да постапат

Vecer | 12.11.2026

АЛТА БАНКА ПОД ЛУПА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО – Савески најавува проверка на секоја кривична пријава, обвинителите имаат обврска да постапат
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка, а надлежниот обвинител ќе мора да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејствија. Ова го истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во  интервју за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Одговарајќи на прашањето дали Обвинителството ќе се вклучи во случајот со Алта банка и по поднесените кривични пријави, Савески објасни дека секоја пријава што ќе пристигне во институцијата се распределува кај надлежен јавен обвинител, кој има обврска да ги провери изнесените наводи.

Тој посочи дека Обвинителството ги анализира и јавните повици за отворање постапки, без оглед од кого доаѓаат, но нагласи дека тоа не значи дека секој таков повик автоматски претставува основ за кривично гонење.

„Ние таквите повици ги анализираме секогаш. Меѓутоа, не секогаш во она на што нè повикуваат гледаме дека постои основ за покренување постапка“, изјави Савески.

Според него, обврска на обвинителството е во секоја ситуација да ги провери информациите, да ги истражи наводите и да собере докази, вклучително и во актуелниот случај со Алта банка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk