Вчера попладне, 69-годишен тетовец, кој возел автомобил, удрил во 31-годишен сограѓанин, кој е пренесен во болница со тешки повреди, соопшти МВР.
„На 11.11.2026 во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„29 Ноември“ во Тетово, патничко возило „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.У.(69) од Тетово, удрило во 31-годишниот П.З. од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од екипа на СВР Тетово“, пишува во полицискиот билтен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата