logo
logo
logo

Во Струга почуствуван земјотрес епицентарот е во Албанија со јачина од четири степени

Vecer | 29.07.2026

Во Струга почуствуван земјотрес епицентарот е во Албанија со јачина од четири степени

Утрово во 7:52 часот е регистриран земјотрес со локална магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на територијата на Албанија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според информациите, епицентарот бил лоциран на околу 144 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, потресот бил почувствуван во Струга и околните населени места, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Засега не се пријавени материјални штети ниту повредени лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk