logo
logo
logo

На 18 октомври нов избор на градоначалник во општина Брвеница, спикерот Гаши ги распиша изборите

Vecer | 07.08.2026

На 18 октомври нов избор на градоначалник во општина Брвеница, спикерот Гаши ги распиша изборите

Општина Брвеница, која се наоѓа во Полошкиот регион, ќе оди на предвремени избори за градоначалник на 18 октомври.

Изборите денеска (7 август) ги распиша претседателот на Собранието, Африм Гаши, а понатаму ќе треба да ги спроведе Државната изборна комисија (ДИК).

Гаши преку социјалните мрежи ги повика идните кандидати и политички партии да водат достоинствена кампања и да се натпреваруваат со програми, идеи и визија за општината, а не со поделби.

„Ги повикувам граѓаните на Брвеница да учествуваат на изборите и одговорно да го остварат своето демократско право, придонесувајќи кон мирен, уреден и кредибилен изборен процес што ќе го одреди идниот правец на развој на нивната општина. Убеден сум дека овие избори ќе ја потврдат демократската зрелост на институциите и на нашите граѓани“, апелира Гаши.

Предвремените избори во Брвеница следуваат откако почина градоначалникот Јовица Илиевски кој беше избран на функцијата на изборите во октомври 2025 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk