Нема тема, инвестиција, проект или реформа која ја најавува или спроевдува владата а од СДСМ, особено од СДСМ со поддршка на Левица, да не се обидат да урнат се од наведеното па дури и да вадат аргументи кои ниту научно ниту во пракса не се потврдени.
Како што е најновиот: Не давајте дозвола за Дата центри тие се штетни за екологијата?! Која тоа држава во развиениот свет неам информатички Дата центри?! Ниедна, сите имаат, особено развиените држави.
Но, за СДСМ е битно Македонија да не се развива, да не биде развиена држава бидејќи ако Македонија се развива тие немаат шанса да земат власт, а се помалку и шанса за спонзор на некаква нова “шарена револуција“ бидејќи таквите револуции пукнаа без ефект последниве години каде и да се појавеа.
Ги плашеа граѓаните со се и сешто:

- Да не се гради хидроцентрала Чебрен-Галиште, било закана за екологијата. Кога беа на власт СДСМ и ДУИ му нудеа на Грк да ја гради. Секако, тие имаа интерес за провизија бидејќи кога гради странец тој дава, а никој не може тоа да го провери како што може да се проверува за државна инвестиција - а таков е планот на оваа влада.
- Да не се потпишува стратешки договор со Велика Британија и да се договори нивна гаранција за шест милијарди евра кредити за инвестиции во јавен сектор затоа што со тоа ќе сме земеле обврска за прием на мигранти од Британија во Македонија. Договорите се потпишаа - а мигранти од Британија - нема.
- Да не правела владата линеарно покачување на пензиите, пензискиот фонд е пред пропаѓање за неколку месеци... Тие “неколку месеци“ одамна поминаа, просечната пензија за две години се покачи за 35%, а во септември е новото покачуавње на пензиите согласно коефициентот за инфлација и просечна плата.
- Да не се даваат концесии за рудници, и тие (по којзнае кој пат истото) биле еколошки неприфатливи, без да се изнесе ниту еден стручен доказ и стручна анализа за точно утврдените рударски истражувања како и економска анализа која докажува штета а не корист, без општи фрази и како тоа било “некаде“. За тоа време нови рудници, особено за Литиум, се отавраат низ цела Европа само “шараените“ во Македонија и Србија со странски спонзори протестираат - против.
- Македонија е пред енергетски колапс, ќе немаме струја, слушавме лани. Па ако нема струја, дај да градиме хидроцентрали бидејќи нафта немаме, но СДСМ е против хидроцентрали норално, поради екологија. Криза со струја немавме, напротив, годинава се забележани рекордни 80% од потрошена струја која е произведена во Македонија! За разлика од времето на СДСМ кога бележевме постојани дефекти на РЕК Битола за нивните партиски фирми да увезуваат скапа струја од странство. Со падот на СДСМ избегаа директорите на РЕК Битола и ЕЛЕМ сосе соработниците, гонети се за корупција.
И уште десетина вакви “бабарога“ манифестации за да се помине денот и колку нешто да се каже, бидејќи проекти, луѓе и планови за две години СДСМ во опиозиција - не видовме. Освен бугарските планови преку СДСМ за притисок на владата да го прифати бугарското вето. Од бугарска страна нивната услуга е платена, но испорака нема.
Ни внатре во СДСМ нема едниствен став за информатички Дата центри

Сега меѓу лидерот Венко Филипче и екс-премиерот Димитар Ковачевски судир околу изградбата на дата центарот во Пехчево.
Филипче јавно се спротиставува на изградабата на ваковиот стратешки центар кој е технолошки и даночен интерес за државата, па и се фали дека проектот е стопиран по заслуга на СДСМ. Може да стопира но не може и не знае ништо да изгради и спроведе.
Ковачевки во ироничен тон на социјалните мрежи истапи со хумористичен коментар, во стилот среќа што Америка го нема Пехчево.
Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај…… што би правеле денес со вишокот вода.
Овој став на Ковачевски, е дијаметрално спротиставен на тој на Филипче и официјланата политика на СДСМ во однос на изградбата на дата центрите низ Македонија.
Како што е познато, советот на општина Пехчево ја тргна од дневен ред точката за изградбата на ваков центар на нивна територија, со што практично го стопираа проектот. Филипче сам си ја препиша заслугата за оваа одлука велејќи дека тоа било само поради залгањата на СДСМ. Дури повикува и на мобилизација, со теоријата на заговор дека власта под превезот на тајноста ќе ги оставела жителите без струја и вода.
-“Дали тоа значи дека огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО сака да ги прави кај нас, ќе ги остави нашите полиња и земјоделците без водоснабдување? Дали тоа значи дека ова целосно запоставување на земјоделскиот сектор дополнително ќе претрпи удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на таканаречените дата-центри“ вели Филипче.
Филипче, “загрижен“ за земјоделците, силно промовираше “зелена економија“ на Зоран Заев и владата во која тој беше министер дека садењето марихуана е економска иднина на Македонија, дека и земјоделието треба да се ориентира во тој правец, па во нивното време почна да се сади марихуаната и по ниви на кои претходно се садела зелка и пченка, а не само во наменски и затворени простории. Битно им беше да продадат што е можно повеќе лиценци за марихуана, повеќе лиценци значи и поголема провизија, поголема јахта...
За разлика од Филипче “политичар од општа пракса“ Ковачевски е барем упатен во економијата и телекомуникациите кои имаат стручни допирни точки со Дата центрите.
Ова е последна епизода од “Бабарога“ политиката на СДСМ. Што вели науката и праксата за оваа тема. Извор America First Policy Institute:
Национално ниво: Вкупната потрошувачка на вода од страна на центрите за податоци во САД сочинува мал дел (помалку од 0,5%) од вкупната употреба на свежа вода.
Поединечните барања за вештачка интелигенција користат минимална вода - приближно 2 милилитри по барање - во голема мера поврзано со индиректниот воден отпечаток на електраните што произведуваат електрична енергија.
Потрошувачка на вода: Не целата вода што ја влече објектот е трајно изгубена; системите за испарувачко ладење трошат значителен дел, но модерните дизајни сè повеќе вклучуваат затворена јамка или рециклирана вода што не е за пиење. Не се побарува, троши и употребува нова вода однадвор за време на работата.
Американците имаат наука и најголемо искуство со Дата центрите, ова се заклучоци на нивната наука и пракса. Филипче и СДСМ немаат никакво искуство и знаење за Дата центрите.
Како од една страна поддржуваш развој на вештачка интелигенција, а си против Дата центри врз кои вештачката интелигенција се темели?!
Накусо, и секому јасно од праксата што ја гледаме последните 40-50 години. Овае левичарска либерална политика која турка политики на еднополови бракови, промена на пол, на секој план за развој ако владата не е нивна се повикува на “екологија“ без никакви стручни докази, населување мигранти како нивни идни гласачи без контрола, затворање хидро и нуклеарни централи, забрани за автомобили на бензин...
Ја видовме таа политика, најмногу во Европа. Германија пред пет години почна да затвара нуклеарни централи, бабарогата рече тие опасно зрачат, а сега ги отвара истите со плаќање од 400 до 800 милиони евра за реактивација.
Германија по барања на левичарите меѓу првите воведе пропис со кој од 2030 во државата ќе може да се продаваат и возат само електрични автомобили. Паднаа Фолксваген и Ауди брзајќи да ги спроведат тие прописи и пропаднаа, за сега германската влада да ги повлекува тие одлуки но, доцна, бидејќи 250.000 работници во автоиндустријата добиваат отказ. А левичарите не им помагаат на отпишаните.
Тоа се Бабарога левичарските политики, и последици. Научено да заработува од фондови и донации нема знаења и осет за реалниот живот и потреби. Да затвориме рудници, да отфрлиме Дата центри, да забраниме автомобили на бензин и дизел, да го затвориме РЕК Битола заради јагленот и хидроцентралите заради Филипче и СДСМ. И, што потоа? Нема одговоор за што наместо тоа, ниту за што потоа.

Се очекува Димитар Ковачевски од Филипче да биде прогласен за нов душман на партијата кој за потреби на ВМРО ДПМНЕ сакал да го урива раководството како што досега беа етикетирани дваесетина членови и поранешни функционери на СДСМ кои беа во партијата и во време кога Венко Филипче беше дел од власта на Никола Груевски и Никола Тодоров. Падна Груевски, Филиче од ВМРО премина во СДСМ.
“Бабарога“ политиката на СДСМ, фралње страв наоколу, е без ефект. Баброга е од приказните за деца, а “фрлањето стравови“ имало ефект пред 50 или 100 години но, кога праксата покажала дека реалноста е спротивна таа политика дожеала бумеранг ефект и пораз. Како што доживува на сите погоре наведени примери.
Се фрлаше страв и дека 5Г пренос на сигнал за мобилните телефони, предизвикува рак и “го пржи мозокот“ а еве, години откако ја користиме, мозоците не ни се “спржени“. Освен ако во СДСМ не претереле со 5Г па сега ги гледаме последиците. Под итно да се извести Телеком да им намали 5Г доза.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата