logo
logo
logo

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЕУ НЕ Е ГАРАНТИРАН - Ново вето од Бугарија?

Vecer | 15.10.2026

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЕУ НЕ Е ГАРАНТИРАН - Ново вето од Бугарија?

Тврдењето на Венко Филипче дека преговарачката рамка со ЕУ веќе го гарантира македонскиот јазик како еден од официјалните јазици на Унијата е обична манипулација за создавање лажна сигурност и покривање на грешките од минатото, алармира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Милошоски го појаснува официјалниот механизам на Европската Унија, кој покажува дека заштитата на јазикот не е автоматска, туку зависи од волјата на сите земји членки.

„За жал, демантот на ваквото лажно тврдење на претседателот на СДСМ доаѓа токму од документите на ЕУ, меѓу кои е и последната стратегија Preparing for a wider Union, каде се нагласуваат членот 55 од Договорот за ЕУ и чл.342 од Договорот за функционирањето на ЕУ. Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ! Односно, ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниедна земја членка да нема приговор/ вето на таквото барање.

„Затоа, кога станува збор за идентитетските прашања и македонскиот јазик, важно е да се знае реалноста, а тоа е дека со ниту еден документ досега не е потврдено, уште помалку загарантирано дека македонскиот јазик би добил едногласна одлука за да биде впишан како еден од службените јазици на ЕУ при евентуалното членство во сојузот. Од страна на Македонија ќе биде потребно да се вложи огромен политички напор, континуиран дипломатски ангажман и сериозни сојузници за да се поправат овие трасирани грешки на претходната влада“, пишува Милошоски на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk